Објавено на:

Кирилов: Русија има докази дека САД во 2005 префрлиле тестирање на вакцини во Украина – заинтересирани се за колера

t

Министерството за одбрана на Русија има докази дека во 2005 година Вашингтон префрлил тестирања на вакцини во Украина, што предизвикало многу компликации кај испитаниците, изјави шефот на силите за радијациона, хемиска и биолошка заштита на руските вооружени сили, Игор Кирилов.

„Би сакал конкретно да привлечам внимание на друг документ што го имаме на располагање, а кој се однесува на тестирањето на вакцината за туларемија врз американски војници во 2004 година, развиена од Институтот за заразни болести Волтер Рид на Армијата на САД. За време на испитувањата во кои учествувале 1.064 лица, биле регистрирани 468 случаи на компликации, што во голема мера го објаснува фактот дека ваквите високоризични испитувања биле пренесени надвор од националната територија. За тоа сведочи договорот потпишан меѓу Министерството за здравство на Украина и Министерството за одбрана на САД една година по овие студии, на 29 август 2005 година“, рече Кирилов.

САД се заинтересирани за колера и чума, а употребата на овие патогени може да се претстави како природна епидемија, додаде Кирилов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…