Кирјаков: Во Македонија ги нападнаа идеите на Ванчо Михајлов и Борис Трети, а се знаат нивните идеи – Во Бугарија ги нападнаа идеите на Вапцаров, а се знаат неговите идеи

t

Атанас Кирјаков, претседател на Градскиот комитет на ОМО Илинден во Благоевград, на Фејсбук пишува дека каменувањето на бугарските клубови во Македонија не е поради омраза кон Бугарија, туку поради идеите на лковите чии имиња ги носат клубовите.

– ИДЕИТЕ СЕ ВАЖНИ!

(За каменување на клубовите и за идеите)

Минатата година во градот Битола беше вандализирана таблата и влезната врата на еден клуб. На таблата поставена над влезната врата на Клубот пишуваше – КЛУБ ВАНЧО МИХАИЛОВ. Не пишуваше БУГАРСКИ Клуб Ванчо Михаилов, туку само Клуб Ванчо Михаилов, со еден збор не е нападнат и вандализиран Бугарскиот клуб, ниту пак е нападната државата Бугарија. Нападнати се ИДЕИТЕ на Ванчо Михаилов. Идеите се важни! А идеите на Ванчо Михаилов се познати, се знае за братоубиствените борби во Горна Џумаја и во цела Пиринска Македонија, се знае за братоубиствените борби во Бугарија, се знае за дослухот на Ванчо Михаилов со нацистите на Хитлер и усташите на Анте Павелиќ. итн.


Минатата година беше вандализиран знакот на Клуб во Охрид. На таблата над влезната врата пишуваше Здружение на граѓани ЦАР БОРИС III. Не пишувало БУГАРСКИОТ КЛУБ ЦАР БОРИС III.Со еден збор не бил нападнат и вандализиран Бугарскиот клуб, ниту пак Бугарија била нападната. Нападнати ИДЕИТЕ на ЦАР БОРИС III Идеите се важни! А идеите на цар Борис III се познати. Се знае за окупацијата на Егејска и Вардарска Македонија од страна на бугарската војска во негово време, се знае за неговиот дослух со Хитлер, се знае за Евреите од Егејска и Вардарска Македонија кои биле испратени во концентрациони логори итн.


На 04.02.2023 година во Благоевград вандализиран е таблата, излогот на клуб. На излогот пишуваше МАКЕДОНСКИ КУЛТУРСКИ КЛУБ,, НИКОЛА ВАПЦАРОВ,,, а насликана е и главата на поетот, имаше и двостих од неговата позната песна .Фрлени камења од вандалите врз ИДЕИТЕ на поетот НИКОЛА ВАПЦАРОВ.Идеите се важни! А ИДЕИТЕ на Никола Вапцаров се познати …!!! – вели Кирјаков.

ЛИНК од објавата на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски со нов нокаут за Бугарија –…

Поранешниот премиер Никола Груевски продолжува со серијалот…

Захарова: Бугарија долго време е на патот…

„Денеска властите во Софија преминаа на практично…

Бугарија го одложи воведувањето на такса за…

Бугарија го одложи воведувањето на надоместокот за…

Австрија сѐ уште го блокира влезот на…

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер…

Бугарија е најнесреќната нација во ЕУ

Истражувањето покажа дека задоволството од животот е…