Кисела Вода обезбеди донација за струја за социјално-загрозените семејства
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски обезбеди донација од приватна компанија за субвенционирање на сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства. Во време на енормно зголемени цени на сите продукти и општа финансиска криза, обезбедената донација, е наменета токму на оние на кои во моментов имаат најголема потреба од помош. Истата е во износ од 1.200.000, 00 денари, односно по 100.000, 00 денари во текот на дванаесет месеци. Општина Кисела Вода во наредните денови ќе објави јавен повик на кој ќе можат да аплицираат ранливите категории-социјално загрозени семејства, самохрани родители и деца без родители. Апликантите ќе бидат разгледани од повеќечлена комисија, а изборот ќе биде направен така што ќе може да се опфати што поголем дел од ранливите категории.
Ова е уште еден од чекорите кои Општина Кисела Вода ги презема во насока на намалување или ублажување на сиромаштијата со која живеат се поголем број на семејства во Македонија. Во рамки на проектот “Храна за сите”, во неколку наврати беа и ќе бидат обезбедени хуманитарни пакети за економски немоќните семјества, а од септември, финасиска поддршка на домашниот буџет ќе имаат и сите семејства кои имаат првоодделенци. Преку проектот „Ранче за секое прваче”, ќе биде обезбедена бесплатна чанта, тетратки и прибор за запишаните првачиња во сите основни училишта на територија на општина Кисела Вода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…