Китановиќ по силните реакции од јавноста и барањето од Владата да се повлече: Дел од моето најблиско семејство во БиХ преживеало воени околности благодарение на регуларните воени единици предводени од Младиќ

t

Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ денеска на социјалите мрежи го кажа својот став откако против него имаше сериозни обвинувања и барања за оставка поради величење на Ратко Младиќ, генерал осуден за воени злосторства. 

Вели дека тој во ниту една своја постапка – ниту во приватниот живот, а уште помалку при извршувањето на јавна функција – никогаш свесно не навредил, понижил или повредил припадник на кој било народ, вера или етничка заедница. Напротив, додава дека им помагал на другите независно од тоа кој јазик го зборуваат и на кој народ му припаѓаат. 

„Инаку спорната објава ја избришав речиси веднаш. Во исто време, нема да се откажам ниту од вистината на сопственото семејство. Дел од моето најблиско семејство во Босна и Херцеговина преживеало воени околности благодарение на регуларните воени единици предводени од генералот Ратко Младиќ. Тоа е дел од нашето лично и семејно искуство и никој нема право да бара од мене да го избришам од сопствената меморија. Но, моето лично чувство на благодарност за спасените членови на моето семејство никогаш не било, ниту ќе биде, негирање или омаловажување на туѓата болка, туѓите жртви и туѓите загуби. И токму тука завршува извинувањето, а започнува мојот одговор на хајката. Она што следуваше во изминатите денови одамна ги надмина границите на легитимната критика. Станува збор за организирана политичка и медиумска пресметка, за јавно жигосување и обид за политички линч. Од една избришана објава се конструира обвинителен акт против мене, против мојата партија, па дури и против народот на кој му припаѓам. Тоа нема да го премолчам“, пишува Китановиќ. 

Додава дека особено е лицемерно лекции за морал, мир и соживот денес да делат луѓе и политички структури чие сопствено политичко минато е оптоварено со тешки настани од поновата македонска историја, како и оние што со политички одлуки овозможувале тие прашања да останат без целосна институционална разрешница. 

„Уште помалку прифаќам медиумски центри блиски до таквите структури да организираат јавни судења и однапред да изрекуваат пресуди. Јас сум подготвен да ја понесам одговорноста за секој свој збор. Но нема да ја понесам одговорноста за туѓите манипулации со моите зборови. Нема да прифатам моето повлекување на објавата да биде претворено во признание за нешто што не сум го направил. Нема да дозволам мојата човечка пристојност да биде протолкувана како слабост. И нема да дозволам преку мене да се навредуваат ниту мојот народ, ниту мојата партија. Искрено му се извинувам на претседателот на Владата, господинот Христијан Мицкоски и на членовите на Владата, кои поради мојата објава беа непотребно вовлечени во политичка пресметка и изложени на напади за нешто за кое не сносат никаква одговорност. Но на политичките мршојадци, на дежурните морални судии и на оние што туѓата болка ја претвораат во политичка муниција им порачувам: Не тргувајте со жртвите. Не градете политички кариери врз гробови. Не користете ја трагедијата на еден народ за да го навредувате другиот. И не очекувајте дека под притисок на организирана хајка ќе молчам додека преку моето име се плука по мојот народ и моите политички убедувања. Се извинувам кога некого сум повредил – и тоа го правам без задршка. Но нема да клекнам пред политички линч. Нема да се откажам од сопственото достоинство. Нема да се откажам од своето семејно сеќавање. И нема да дозволам оние што најгласно судат денес да ја препишуваат историјата и да определуваат кој има право на својата болка, а кој нема“, пишува Китановиќ.

На крајот, вели дека над политиката, над медиумските пресуди, над моќта и над човечката суета постои суд пред кој сите сме еднакви. Претходно тој имаше објава со Младиќ на кој пишуваше дека тој е небесен генерал, по што следеа осуди. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Китановиќ по силните реакции од јавноста и…

Директорот на Агенцијата за остварување на правата…

Трамп: Иран е официјално пропадната држава, инфлацијата…

Иран е официјално пропадната држава која нема…

Училишната година со 3.000 првачиња помалку, 26…

Новата учебна 2026/2027 година во Македонија започнува…

(Видео) Вулкан еруптираше во Индонезија: Пепел и…

Вулканот Синабунг на индонезискиот остров Суматра еруптираше…

Платини го повика Инфантино да поднесе оставка

Поранешниот претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА),…