Кичевчанец во казино во Охрид се коцкал со фалсификувани евра

t

Кичевчанец пуштил во оптек лажни евра во казино, информираат од СВР Охрид. Според полицијата, вчера во 03.00 часот, во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид, од слобода бил лишен Р.Б.(28) од кичевското село Долно Страгомиште.

-Лицето сакало лажните евра да ги прикаже како вистинити, со што сторил кривично дело „фалсификување пари“, според член 268 од Кривичниот законик. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од Охридската полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Русија го нападна украинскиот енергетски сектор…

Русија го нападна украинскиот енергетски сектор и…

Трамп официјално го поддржа Нетанјаху пред изборите…

Американскиот претседател Доналд Трамп официјално му даде…

Трагедија во гостиварско: 59-годишен возач загина откако…

59-годишен жител на Гостивар го загубил животот…

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот…

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…

Паника и неизвесност: Граѓаните во Литванија во…

Граѓаните во централните и во северните делови…