Кичевчанец фатен како вози со 1,80 промили алкохол
Триесет и деветгодишен жител на Кичевско управувајќи возило бил запрен од страна на полицијата по што полицискиот дрегер покажал дека вози под дејство на алкохол.
„Вчера во 01.35 часот на крстосницата на магистралниот пат Кичево – Охрид со улицата „Железничка” во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода М.А.(39) од кичевското село Шутово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген венто” со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,80 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица“, информираат од МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со ултиматум до Иран: Војната може…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нова…
„25 години живеам благодарение на твојата лесна…
Бројни пораки со благодарност, почит и сеќавања…
(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…
Возење со брзина поголема од 200 километри…
Ајзенкот доби мандат за формирање влада во…
Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“,…
Mихајлова: Тоа што сум родена во Македонија…
Ива Михајлова даде интервју за бугарските медиуми.На…