Кичевчани со Бадникова поворка го најавија Христовото раѓање
Православните верници од Кичево денеска по 13. пат организираа Бадникова поворка со која го најавија празникот на Христовото раѓање – Божиќ. Поворката, која годинава беше со рекорден број учесници, тргна од Црковниот храм „Св. Петар и Павле“, преку улиците „Маршал Тито“, „Борис Кидрич“, „Рудничка“ и „Булевар Ослободување“, па се до Градскиот плоштад каде свештениците на децата од поворката им поделија подароци.
– Прекрасна е глетката кога Бадниковата поворка ја сочинуваат толку многу деца. Тие ја пееја црковната песна „Вечниот Бог“, додека граѓаните ја поздравуваа поворката и го честитаа големиот празник – ни изјави Крсте Тренески, верник од Кичево, кој денеска беше меѓу бројните кичевчани кои излегоа да ја поздрават поворката и доаѓањето на Божиќ.
Одбележувањето на Бадник во Кичево продолжи со концерт на црковниот хор „Митрополот Козма Пречистански“ на Градскиот плоштад, каде за верниците беа поставени осветените бадникови гранчиња.
Извор: Нова Македонија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Кичево: 37-годишен маж загина во…
На 21.07.2026 во 18:55 часот во ОВР…
Професор во средно училиште во Кичево натепал…
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…
Малолетник се ранил со воздушна пушка додека…
Малолетник од Охрид се ранил себеси со…
Тешка сообраќајна несреќа кај Кичево: Се судриле…
Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на…
Напад со нож пред угостителски објект во…
На 02.05.2026 во 00:10 часот, во ОВР…