Клековски демантира: Во ниту еден момент немало криење на информации од Министерството за здравство за случувањата во Гостивар

t

Во ниту еден момент немало криење на информации од Министерството за здравство за состојбата во Гостивар, изјави денеска миинистерот за здравство Сашо Клековски.

– Јас бев првиот што во саботата информирав дека првите случаи се регистрирани на 13 јули. Министерството за здравство и јас ќе продолжиме транспаретно да ги соопштуваме податоците бидјеќи немаме што да криеме, рече Клековски на денешната прес-конференција во Владата.

Првата службена информација за случувањата во Гостивар до Министерството за здравство е пристигната во петокот во 13 часот.

Досега, како што соопшти, имало околу 3.100 здравствени контакти од Здравстветниот дом, Општата болница, телефонски јавувања и интервенции на Брзата помош.

Првиот преглед е направен на 14 јули, а на 19 јули за првпат е забележано намалување на бројот на приеми.

Клековски соопшти дека денеска ќе заседава и Комисијата за заразни болести која ќе излезе со соодветни препораки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…