Клековски: До крајот на 2026 година ќе бидат вработени уште 300 специјализанти

t

Владата донесе одлука да го откочи процесот за вработување на уште 300 од вкупно 600 специјализанти, чие вработување е предвидено со одлука од 2024 година, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. Тој посочи дека процесот за нивно вработување треба да заврши до крајот на годинава.

– По одреден застој се откочи процесот за вработување на 600 специјализанти. Тоа е одлука на Владата од 2024 година. Се доцнеше со спроведувањето на одлуката. Се вработија 300 специјализанти, а 300 останаа надвор од проектот. На вчерашната седница на Владата се донесе одлука повторно да се отвори процесот и тие 300 специјализанти што не беа вработени да се вработат до крајот на 2026 година – рече Клековски.

Тој појасни дека со оглед на тоа што од изразувањето на интерес поминал веќе одреден период, Министерството за здравство планира да го обнови повикот за изразување интерес, бидејќи според нивна информација веќе 30-тина од тие 300 специјализанти се вработени по редовен пат.

– Сакаме да видиме кој е интересот на специјализантите. Апсолутен приоритет ќе бидат општите и клиничките болници надвор од Скопје и секако специјализациите во профили каде имаме дефицит. Со тоа планираме да ја заокружиме таа активност значително да ја подобриме состојбата со достапност на специјалисти во јавното здравство, додаде Клековски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клековски: До крајот на 2026 година ќе…

Владата донесе одлука да го откочи процесот…

Таравари: До крајот на годинава ќе се…

Министерот за здравство, Арбен Таравари соопшти дека…

Приватните специјализанти не се откажуваат од барањата

Приватните специјализанти повторно ќе се соберат за да…

(Видео) Јакимовски: Да изградиме регионална НАТО-болница по…

- Како претседател на Република Македонија и…