Клековски: Имаме 50 пациенти со западнонилска треска, а за тројца се чека потврда

t

За три лица се чека потврда дали се заразени од вирусот западен нил, а шестмина се на интензивно лекување. На Клиниката за инфективни болести се лекуваат 21 лице, а кај 18 од нив веќе е потврдено присуството на западнонилската треска – изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. 

– Во моментот имаме 53 пациенти што прележале, имаат или се сомнителни на западнонилска треска. Од нив, 50 се потврдени, три се сомнителни случаи хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Од овие, 52 имаат нервноинвазивна форма, еден е без нервноинвазивна форма и е излекуван и пуштен од болница. Од нив, 52 биле третирани или сè уште се третираат на Клиниката за инфективни болести, еден во приватна здравствена установа – изјави Клековски. 

Како што кажрече, 25 од оние што биле на Инфективната клиника се излекувани и пуштени дома, а 21 се хоспитализирани на Клиниката.

– 18 потврдени, а за три се чекаат резултатите од тестовите. Од нив, шест се на интензивно лекување – рече Клековски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екс премиерот Ковачевски контра Филипче: „Имала среќа…

Поранешниот премиер и актуелен пратеник на СДСМ,…

Пет активни пожари во земјава, огнот зафати…

Во Македонија до 13 часот денеска се…

Цените на нафтата паѓаат трет ден по…

Цените на нафтата продолжија да паѓаат трет…

Секое десетто дете во Македонија било жртва…

Едно од десет деца (10% од децата)…