Климовски: Да ги внесеме само Бугарите во Уставот, ама со одложена примена на уставните измени

t

Потребни се уставни измени, но не за да се стават Бугарите во него, туку затоа што Уставот по сите менувања за кратко време не само што стана неусогласен, туку е и нефункционален и треба конечно да се договориме каков Устав ќе имаме, дали ќе биде граѓански или со поинакви решенија, вели професорот по уставно право Саво Климовски за „Слободен печат“. Тој лично не се согласува со намерата Бугарите да се внесат во Преамбулата, затоа што обврската е прифатена со диктат и уцена од Софија, но сепак, како опција во оваа ситуација предлага да ги внесеме само Бугарите, а со втор уставен амандман да ја одложиме примената на новите уставни одредби.

– Уставот може и треба да се смени со општ консензус, тоа е акт на граѓаните со кои се уредува државата, човековите права и слободи. Со досегашните измени се направи една измама, кога од мултуетничко општество ние добивме мултиетнички Устав, единствен таков во светот. Тој е менуван многу пати за кратко време, што исто така е непознато во светската уставност, а заради тие измени сега е неуспогласен и нефункционален. Како пример на таа нефункционалност доволно е да го наведеме Уставниот суд и сите проблеми до неговото функционирање. Не е добро Уставот да се менува вака на сила, за тоа одлучуваат граѓаните кои треба да се прашаат или на референдум или на предвремени избори – вели Климовски.

Тој вели дека Македонија го прифати условот на Бугарија на инсистирање на неколку европски држави, а не побара Бугарија исто така во својата Преамбула да ги внесе сопствените малцинства.

– Треба да ги прашаме тие лидери кои доаѓаат и ни велат да го смениме Уставот, дали тие би смееле да ги сменат уставите во сопствените држави на таков начин како што се бара од нас? – вели Климовски.

Тој додава дека лично не се согасува Бугарите да бидат вметнати во Уставот, особено што Софија не ги признава нашите идентитетски обележја, како нашата историја и јазик.

Извор: Слободен Печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…