„Клинтон сака кога се помлади“: Објавени тајни документи, откриени соработниците на Епстајн, на листата Мајкл Џексон и Дејвид Коперфилд

t

Осомничениот педофил Џефри Епстајн еднаш рекол дека поранешниот американски претседател Бил Клинтон сака кога девојките се „млади“.

Тоа го сведочела жртва на починатиот сексуален престапник во исказот кој е отпечатен во средата. Исказот е дел од многуте одамна запечатени судски документи кои почнале да се објавуваат.

Федералниот суд минатиот месец наредил да се објават документите во кои се наведуваат повеќе од 170 соработници на Епстајн како Клинтон, уште еден поранешен претседател Доналд Трамп, британскиот принц Ендру …

Документите се дел од материјалот од процесот против поранешната девојката на Епстајн и блиска соработничка Гислејн Максвел, кој го отворила една од жртвите на сексуалниот престапник Вирџинија Робертс Џуфре.

Уште една жртва, Јохана Сјоберг, во изјава во 2016-та година рекла дека војводата од Јорк ја ставил раката на нејзините гради додека му седела во скут во куќата на Епстајн на Менхетн во 2001-ва година. Сјоберг исто така го спомнала и Клинтон.

„Еднаш ми кажа дека Клинтон сака кога девојките се помлади“, сведочела Сјоберг.

Името на Трамп исто така се појавило на тоа сведочење. Епстајн наводно го спомнал Трамп кога пилотите на неговиот приватен авион го известиле дека се принудени да се пренасочат кон Њујорк.

„Одлично. Ќе му се јавиме на Трамп и ќе одиме во казино“, рекол Епстајн.

Останатите познати имиња кои се појавиле во документите се покојниот крал на поп музиката Мајк Џексон и магионичарот Дејвид Коперфилд. Сјоберг рекла дека го запознала Џексон, но дека не му пружила масажа. За магионичарот во текот на испрашувањето рекла дека бил пријател на Епстајн.

Никој од познатите луѓе, освен принцот Ендру, не е обвинет за злосторство.

Марк Рендака, адвокатот кој се борел документите да се отпечатат, рекол дека истите би можеле да одговорат на многу прашања за грозните дејствија на Епстајн.

„Кој бил вмешан и како се извлекол? Колку далеку тоа допира до луѓето кои се на власт и зошто толку долго се чуваше во тајност? Кој успеа да издејствува документите да се запечатат бидејќи судот воопшто не требаше да ги заштити тие информации. Тоа е нерегуларно“, наведува Рендака.

Повеќе од 100-те лица кои се споменуваат во документите инаку се некогашни соработници на Епстајн, вработени, но и жртви. Имале рок до 1-ви јануари да се жалат на одлуката на судијата за објава на документите, иако било нагласено дека некои имиња веќе биле објавени во медиумите во текот на годините и дека некои не се противеле на откривање на нивниот идентитет.

Клинтон се споменува повеќе од 50 пати во објавените документи.

Џуфре, која наводно била сексуален роб на милионерот, претходните денови ги исмејувала соработниците на покојниот педофил.

„Ќе има многу нервозни за Божиќ и Нова година, поточно 170, кои се на листата“, твитувала таа неодамна.

Џуфре поднела тужба за клевета против Максвел бидејќи блиската соработничка на Епстајн рекла дека лажела дека тој ја принудувал на секс кога била тинејџерка.

Максвел кон крајот на 2021-ва година е осудена за регрутирање на малолетни девојки кои Епстајн ги злоставувал меѓу 1994-та и 2004-та.

Епстајн се самоубил во својата затворска ќелија на Менхетн во 2019-та година додека го чекал судењето за трговија со луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски: Дијалогот што го водиме со Софија…

Дијалогот што во моментов се води околу…

ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…

Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…

Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…

Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…