Објавено на:

Кличко за “Гардијан”: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да изгради одвоена иднина од Путин

t

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко во интервју за Гардијан изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за обнова за „да изгради европска иднина одвоена од авторитарната и диктаторска Русија на Владимир Путин”.

Кличко е градоначалник на Киев од 2014 година, рече дека главен приоритет на Украина е да победи во војната, но дека долгорочна цел е обновата на земјата. Кличко се надева дека обновата ќе помогне да се вратат милионите луѓе кои ги напуштија своите домови.

„Наш следен чекор е реконструкција на земјата и спроведување бројни реформи за да бидеме во Европа и по квалитетот на животот, а не само географски“, рече градоначалникот на Киев.

Кличко вели дека желба на Украина е да биде независна, слободна и демократска земја и тоа е причината зошто Путин ја започна инвазијата.

„Причината за оваа бесмислена војна е нашата желба да бидеме дел од европското семејство, со европски квалитет на живот, со вредности – човекови права, слобода на печатот, демократски вредности. Русија никогаш не го прифати ова бидејќи сметаат дека Украина е дел од руското царство. Ние не сакаме да се вратиме во СССР“, изјави Кличко за Гардијан.

Кличко разговараше со Гардијан пред денешната голема конференција за обнова и реконструкција на Украина во Берлин, која ќе ја отворат германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Тој рече дека Украина нема желба да биде контролирана од Москва.

„Русија полека се движи во правец на Северна Кореја. Се надевам дека Украина ќе ги следи Полска, Унгарија и другите централноевропски земји на патот кон поголем просперитет и европска интеграција“, изјави градоначалникот на Киев.

Киев се соочува со најлошата зима во последните 30 години. Кличко, кој е одговорен за снабдување на главниот град со греење, енергија и вода, вели дека уличните светилки навечер се исклучуваат за да се заштеди енергија. Тој рече дека им е потребна помош во одбраната на украинските електрани.

„Пред сè, ни треба најдоброто оружје“, рече Кличко, наведувајќи ги системите за противвоздушна одбрана и противракетните системи за заштита на украинското небо од руските ракети и беспилотни летала. Кличко рече дека е благодарен за поддршката на Берлин, нагласувајќи ја финансиската и политичката помош на Германија.

„Никогаш не е доволно додека имаме војна во Украина. Кога последниот руски војник ќе ја напушти Украина, ќе кажам благодарам и доста е. Но, сега мора да продолжиме. Главна работа е волјата за победа, мотивацијата е важна. Ние сме толку мотивирани затоа што ги браниме своите семејства, своите домови. За разлика од тоа, руската војска се бори за пари. Од нас зависи да ги истераме Русите од Украина, од нашата територија“, рече Кличко во интервјуто за Гардијан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

13% од македонските граѓани сметаат дека Украина…

13% од македонските граѓани сметаат дека Украина…

Путин: Америка ја сече гранката на која…

Со воведувањето санкции кон Русија, американските власти…

Путин: Русија во моментов не планира да…

Русија во моментов не планира да го…

Русија не ги зголемува безбедносните мерки за…

Не е планирано да се зголемат безбедносните…

Феноменот „вселенска медуза“ забележан над Русија!

По лансирањето на ракетата-носач Сојуз од космодромот…