Кличко смета дека Украина се движи кон „авторитарен систем“
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека Украина „се движи кон авторитарен систем“.
„Во одреден момент нема да се разликуваме од Русија, каде што се зависи од каприцот на еден човек“, изјави Кличко за германски „Шпигел“.
„Киев Индипендент“ открива дека со ваквата оценка Кличко упатил прикриена критика кон украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Градоначалникот на Киев изјави дека Украина практично беше без лидерство и во хаос во текот на првите месеци од рускиот напад и ги пофали градоначалниците на украинските градови за нивните клучни лидерски улоги „да ги штитат своите сограѓани и ја поддржувајќи ја војската“.
Меѓутоа, смета Кличко, во претседателскиот кабинет на градоначалниците се гледа само како на пречки за централизацијата на власта.
И покрај тоа што е градоначалник на главниот град, Кличко откри дека со Зеленски не разговарал од почетокот на рускиот напад врз Украина.
Кабинетот на Зеленски не одговори на барањето за коментар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Европа во пламен! Еве каде сѐ…
Протести поради растот на трошоците за живот,…
Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…
Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…
(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…
Авион на линија Тел Авив-Виена принудно слета…
Авион на линијата Тел Авив – Виена…
Трамп го поддржа Нетанјаху пред изборите во…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази поддршка…