Коалицијата ВЛЕН се обединува во една политичка партија?
Добро е да имаме еден силен стабилен политички субјект кај Албанците кој ќе ги претставува достојно и долгорочно, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши за идејата коалицијата ВЛЕН да се обедини во една политичка партија. Гаши, кој е поранешен лидер и основач на Алтернатива, не кажа конкретно кога би се случило ова обединување.
– Мислам дека треба оваа коалиција да прерасне во хомогена структура и ќе ги претставува Албанците достојно и подолгорочно и мислам дека граѓаните треба да имаат и да гледаат стабилност во една политичка структура. Друго е кога е коалиција, друго е кога е политички субјект. Битно е дека во овој процес сега после изборите се работи на хомогенизирање на структурите, рече Гаши.
Идејата, според него, било тоа да биде постепено и природно да тече. – Да не биде тоа административно и да не биде насилно. Ќе гледаме тоа да биде преку заеднички комисии, заеднички тела, претседателство…, рече Гаши.
Минатата недела и лидерот на Демократското движење Изет Меџити потврди дека се работи на оваа идеја без да конкретизира кога би можело да дојде до конечно нејзино реализирање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Платите растат како резултат на новите…
Подобрувањето на животниот стандард е во центарот…
(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата…
ВЛЕН ја поздравува позитивната оценка на претседателката…
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…