Коалицијата „Менуваме“ бара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот

t

Коалицијата за застапување на правата на лицата со хендикеп „Менуваме“ преку соопштение бара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот на земјава.

-Остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување во целокупниот економски, културен, општествен политички живот на лицата со попреченост. Нам овие права ни се гарантирани согласно Конвенцијата на лицата со хендикеп и Уставот, меѓутоа поради невидливост во системот, остварувањето на овие права не е прилагодено на нашите потреби и можности, како лица со попреченост. Комитетот е загрижен дека член 9 од Уставот на државата – членка не ја споменува попреченоста како основа за дискриминација. Затоа бараме признавање на лицата со попреченост како лица еднакви во слободите и правата во Уставот на Македонија, се наведува во соопштението на Коалицијата „Менуваме“.

Од Коалицијата бараат и измена и дополнување на Уставот на Македонија и усогласување со Конвенцијата за првата на лицата со хендикеп.

Напоменуваат дека земјава ја има ратификувано Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на Обединетите нации во 2011 година. Посочуваат дека земјава е должна да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Сиљановска: Рекордери сме во уставни измени, уставот…

По повод 35-годишнината од донесувањето на Уставот,…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…