Ковачевски: Антиевропската политика на ВМРО-ДПМНЕ е опасна за иднината на земјава
Ние видовме што се случи кога ДПМНЕ ја презеде власта и после тоа следуваа 11 години изолација. Тогаш бевме заедно со Хрватска и дури и предничевме, а денеска Хрватска е членка на ЕУ, а ние сме со отпочнати преговори со ЕУ. Многу години и многу генерации изгубени. Тоа не смееме да го дозволиме да се случи пак“ рече премиерот Димитар Ковачевски.
Тој додаде дека со ВМРО-ДПМНЕ нема иднина и членство во ЕУ ниту за 100 години, што јасно го потврди и самиот лидер на опозициската партија.
„Самиот потврди дека тие немаат намера да го продолжат европскиот пат. Како што кажа тој, ‘може да бидат и сто години’ а ‘можеби и никогаш да не биде’. И затоа е јасно дека доколку ВМРО ДПМНЕ ја преземе власта, државава е осудена на изолација, иста каква што гледавме 11 години, со тоа што последиците сега ќе бидат несразмерно поголеми и на штета на граѓаните“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица е закана за европската иднина на земјата и таа мора да биде поразена.
При денешното негово обраќање премиерот додаде дека се очекува првата евалуација на реформската агенда ќе биде во март, а во април го очекуваме првиот трансфер на пари од ЕК согласно Планот за раст
„Како Влада ревносно пристапивме кон можностите на Планот за раст и за кратко време, успеавме да ја подготвиме првичната верзија на Националната реформска агенда 2024-2027 година, којашто е веќе доставена до Европската комисија“ рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „Цивил“ и додаде дека првата евалуација се очекува да биде на крајот на март.
Ковачевски додаде дека по првичната евалуација, на почетокот на април треба да се случи и првиот трансфер на средства од Планот за раст на Европската комисија.
„Овој План за раст е нешто што недостигаше долго време во процесот на проширување. Го гледаме како најамбициозниот механизам предложен и поддржан од ЕК, од почетокот на процесот на евроинтеграција кај нас. Затоа што дава нов поттик за намалување на разликите со економиите на членките на ЕУ, со забрзана конвергенција, односно приближување до нив“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека планот е премостлива фаза – од завршувањето на скрининг процесот до отворањето на Кластерот 1, преку инвестиции и реализација на реформи, со коишто македонските граѓани ќе ги почувствуваат придобивките од ЕУ.
„Ете, ова се добива кога се има проевропска Влада и евроатланска ориентација. Значи – просперитет. Сите кои го кочат европскиот пат, им ја одземаат можноста на македонските граѓани да живеат достоинствено, конечно неизвесноста да ја заменат со предвидливост, а македонскиот стандард на живот да стане европски животен стандард“ рече Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА ГАРАНТИРА ЗА ПОШТЕНСКА…
Народната банка на Србија (НБС) излезе со…
ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите…
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница…
ФОКС ЊУЗ: САД РАЗГЛЕДУВААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ…
Соединетите Американски Држави разгледуваат можност за продолжување…
Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…
Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…
Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…
Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…