Ковачевски: Бираме човек со лидерски капацитет и одлучност, а не најинспиративен професор

t

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски е противник на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашниот дуел на Канал 5.

Ковачевски изрази сомнеж дека ВМРО-ДПМНЕ не собрале 28.000 потписи за претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова и изрази сомнеж дали биле фалсификувани.

„Ние не бираме претседател на Академија на науки, ние не бираме најинспиративен професор, ние бираме човек со лидерски капацитет, со одлучност, да ја однесе државата таму каде што народот сака, во ЕУ“, рече Ковачевски.

Ковачевски уверува дека овие избори се избор помеѓу надеж и изолација од другата страна. Вели дека Силјановска Давкова е продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ. Ковачевски рече дека иднината на државата зависи од носење одлуки, а не од неносење одлуки. Објасни дека во меѓувреме Хрватска низ годините се европеизираше, а Македонија се антиквизираше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелските медиуми со различни резултати од излезните…

Партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху…

ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно вечерва на смена е Фрчковски,…

Очигледно вечерва во СДС на смена е…

Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…

Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…

Песков: Путин и Трамп не разговарале за…

Претседателите на Русија и на Соединетите Американски…

Нетанјаху предупреди дека „му ја крадат победата“:…

На денот на парламентарните избори, израелскиот премиер…