Ковачевски: Бугарија треба да покаже на дека се залага за интеграција на регионот во ЕУ
Бугарија треба да покаже на сите нивоа на своето политичко делување дека се залага за интеграција на целиот регион на Западен Балкан во Европската Унија. Верувам дека за тоа се залагаат и сите партии коишто се во коалициската влада во Бугарија, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Ковачевски рече дека очекува соработката да продолжи во насока на тоа што го покажа владата на Кирил Петков во последните денови со гласањето на Резолицијата во бугарското Собрание, посочувајќи дека практично тие партии сега се дел од коалициската влада во Бугарија, која сега има ротациски премиер на девет месеци.
– Сметам дека соработката треба да продолжи во таа насока, изјави Ковачевски.
Кирил Петков, подвлече Ковачевски, е човек со кого најдовме заеднички јазик минатата година за одблокирање на патот на земјата во интергациите во ЕУ.
– Тој е претседателот на ПП партијата во Бугарија. Се работи за еден авангарден политичар, кој што сака да зборува за иднината, нови технологии, унапредување на транспортот и соработката меѓу земјите и тоа се темите на коишто треба да ја градиме нашата соработка како соседни држави, изјави Ковачевски.
Прашан што очекува и дали се планирани средби со новата влада во Бугарија, Ковачевски рече дека имал телефонски разговор со новиот бугарски премиер Николај Денков и дека очекува да се види со него на Самитот на НАТО во Вилнус.
– Веројатно ќе се видиме со бугарскиот премиер на Самитот на НАТО во Вилнус, бидејќи јас ќе ја предводам нашата делегација. Не знам точно кој ќе ја предводи бугарската. Меѓутоа секако дека ќе се видиме, изјави Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…
Во просториите на Општина Тетово се одржа…
ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…
Пријавени се проблеми во работењето на услугите…
Израел ќе се приклучи на нападите врз…
Израелската армија проценила дека во моментов нема…
Новата рунда разговори за мир во Украина…
Најновата рунда дипломатски разговори околу Украина, која…
БРАВО! МВР поднесе нов закон за семејно…
Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе до…