Ковачевски: Владата е стабилна, нема потреба од широка коалиција

t

Владата е стабилна и парламентарното мнозинство овозможува нејзино непречено функционирање и покрај случувањата во ДУИ. Имам редовни состаноци со Али Ахмети, но не можам да се мешам во нивните внатрепартиски работи, изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервју за ТВ21.

Не може да зборува, рече, во име на пратеници на ДУИ, но смета дека од тројца пратеници на оваа партија Владата и натаму ќе има поддршка.

За влез на партијата Алијанса за Албанците во Владата не е разговарано со новиот лидер Арбен Таравари, но рече дека секоја поддршка на европскиот пат на државата и на носење мерки за справување со економската и енергетската криза и со сите предизвици на државата смета дека е поддршка за која треба да се разговара и да се поздрави.

-На последниот настап во Парламентот кажав дека сега е време кога треба да се обединиме зашто имаме пред нас остварување стратешки цели на државата – продолжување на патот кон полноправно членство во Европската Унија и овозможување на најдобар начин да се справиме со енергетската и економската криза во која се наоѓа и државата и целиот европски континент. Со господинот Таравари се немам видено, но секогаш сум имал контакти со пратениците од партијата Алијанса, рече Ковачевски во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој не смета дека има потреба од формирање широка коалиција во која би била и ВМРО-ДПМНЕ, како во 2001 година, затоа што, рече, не смета дека во моментов државата се наоѓа во политичка или во воена криза.

– Сметам дека Владата има апсолутно капацитет да се справува со сите овие прашања и тоа го потврди од самото нејзино формирање – и оваа влада, и претходната влада на ова парламентарно мнозинство, зашто успешно се справи со корона-кризата, со негативните економски ефекти што ги имаше во тоа време и сметам дека успешно ќе се справиме и сега, но заедно со сите граѓани и со претставниците во Парламентот, истакна Ковачевски.

По загубата на Локалните избори минатата година и падот на рејтингот, СДСМ сега е апсолутно консолидирана, додаде премиерот и лидер на оваа партија, а потврда за тоа, посочи тој, се добрите резултати на партијата со коалицијата на новите избори во Маврово и Ростуше, Тетово и Центар Жупа. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…