Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ да стои на зборот од лидерската средба дека не се против уставни измени
ВМРО-ДПМНЕ треба да остане во процсот, бидејќи демантирањето, односно излегувањето од рамката на тоа што е договорено на лидерската средба и кажано на прес конференцијата ќе биде големо разочарување за граѓаните и за меѓународната заедница, изјави премиерот Димитар Ковачевски прашан кои од предлозите на опозициската партија изнесени на лидерската средба за СДСМ се прифатливи. Премиерот истакна дека сега треба да се оди на имплементација на договореното, а не на толкување на тоа што е кажано.
„Главен заклучок од лидерската средба е дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени тоа е прво и најважно, бидејќи тие претходно обвинуваа дека со уставните измени и со внесувањето на други делови од народи во Преамбулата државата ќе била бугаризирана и асимилирана. И ВМРО-ДПМНЕ потврди дека нема ништо против уставните измени, дека сака да биде дел од Владата и ние тоа го прифативме и ќе отстапиме 50 отсто од министерските места со кои раководи СДСМ и побараа ДУИ да не учествува во Владата, а ДУИ експресно тоа го прифати. Јас тогаш реков дека излегувањето на ДУИ од Владата може да предизвика одредена политичка динамика, што подоцна се потврди кога и Алијанса за Албанците и Беса кажаа дека нема да учествува во таква Влада. Сега останува ВМРО-ДПМНЕ да остане во процесот оти демантирањето или излегувањето од рамката од тоа што е договорено на лидерската средба и кажано на прес конференцијата ќе претставува големо разочарување и за граѓаните и за меѓународната заедница“, рече Ковачевски.
Тој додаде дека тоа што било кажано на прес-конференцијата за СДСМ е прифатливо, како и за ДУИ, а го прифатиле и помалите партии од коалицијата и дека сега треба да се оди кон имплементација на договореното, а не кон толкување што некој сакал да каже.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…
Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…
(Видео) Мицкоски го знаел Нацев „само од…
Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во владата,…