Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ да стои на зборот од лидерската средба дека не се против уставни измени

t

ВМРО-ДПМНЕ треба да остане во процсот, бидејќи демантирањето, односно излегувањето од рамката на тоа што е договорено на лидерската средба и кажано на прес конференцијата ќе биде големо разочарување за граѓаните и за меѓународната заедница, изјави премиерот Димитар Ковачевски прашан кои од предлозите на опозициската партија изнесени на лидерската средба за СДСМ се прифатливи. Премиерот истакна дека сега треба да се оди на имплементација на договореното, а не на толкување на тоа што е кажано.

„Главен заклучок од лидерската средба е дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени тоа е прво и најважно, бидејќи тие претходно обвинуваа дека со уставните измени и со внесувањето на други делови од народи во Преамбулата државата ќе била бугаризирана и асимилирана. И ВМРО-ДПМНЕ потврди дека нема ништо против уставните измени, дека сака да биде дел од Владата и ние тоа го прифативме и ќе отстапиме 50 отсто од министерските места со кои раководи СДСМ и побараа ДУИ да не учествува во Владата, а ДУИ експресно тоа го прифати. Јас тогаш реков дека излегувањето на ДУИ од Владата може да предизвика одредена политичка динамика, што подоцна се потврди кога и Алијанса за Албанците и Беса кажаа дека нема да учествува во таква Влада. Сега останува ВМРО-ДПМНЕ да остане во процесот оти демантирањето или излегувањето од рамката од тоа што е договорено на лидерската средба и кажано на прес конференцијата  ќе претставува големо разочарување и за граѓаните и за меѓународната заедница“,  рече Ковачевски.

Тој додаде дека тоа што било кажано на прес-конференцијата за СДСМ е прифатливо, како и за ДУИ, а  го прифатиле и помалите партии од коалицијата и дека сега треба да се оди кон имплементација на договореното, а не кон толкување што некој сакал да каже.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…