Ковачевски: Во мојот втор мандат како премиер, ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата

t

Во мојот втор мандат како премиер, ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра, и ова ве уверувам дека со правилни политики е достижно, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски синоќа во Штип во обраќањето при отворањето промотивен штаб на СДСМ.

„Со напорна работа, нема недостижна цел. Никој не веруваше дека 500 евра просечна плата до 2024та година е можно и остварливо. Но како што знаете, тоа ветување СДСМ предвремено го исполни. Денес просечната плата изнесува 650 евра. Така ќе биде и овој пат“, наведе Ковачевски.

„Направивме долгорочна системска промена и за покачување на пензиите, просечната пензија денес е за 6.400 денари поголема во однос на 2016 година а минималната пензија за речиси 50% повисока. СДСМ овозможи пензионерите во просек да добиваат 6.000 денари повеќе“, додаде тој.

Порача дека СДСМ и понатаму ќе се бори за Македонија да биде успешна држава во која „секој наш граѓанин ќе има достоинствен живот од својата заработена плата, држава во која младите ќе добијат квалитетно образовани, држава во која здравствената заштита ќе биде на највисоко ниво, во која секој граѓанин ќе биде почитуван, ќе живее во демократија, во држава во која законите важат подеднакво за сите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…