Ковачевски во официјална посета на Берлин на средба со Шолц
Премиерот Димитар Ковачевски е во официјална посета на Берлин, Сојузна Република Германија, на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц.
Во состав на делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски, се и заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Во рамки на официјалната посета која започнува во среда, во седиштето на Владата на Сојузна Република Германија е предвиден официјален пречек со државни почести, средба меѓу премиерот Ковачевски и канцеларот Шолц, заедничка прес-конференција на премиерите, како и работна билатерална средба и вечера на двете официјалните делегации.
Главниот фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи и соработка меѓу Македонија и Сојузна Република Германија, кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Дополнително, теми на разговор ќе бидат и германската поддршка на македонскиот евро-интеграциски пат, реформскиот процес насочен кон исполнување на стандардите на ЕУ и други актуелни прашања од регионален и европски безбедносен аспект, информираат од Владата.
Во рамки на официјалната посета, премиерот Ковачевски ќе учествува на експертска дискусија во организација на фондацијата Фридрих Еберт и ќе има средба со претставници на здруженија на македонски иселеници во Берлин.
За време на посетата на Берлин, премиерот Ковачевски ќе има работна средба и со главниот извршен директор на Дојче Телеком, Тимотеус Хотгес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…
НАТО се откажа од одржувањето на самитот…
Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…
Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…
Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…
Во просториите на Општина Тетово се одржа…
ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…
Пријавени се проблеми во работењето на услугите…
Израел ќе се приклучи на нападите врз…
Израелската армија проценила дека во моментов нема…