Ковачевски во Софија се сретнал и со Карадинај
Од Владата соопштија дека Премиерот Ковачевски, на маргините на посетата во Софија, остварил средба со Мустафа Карадинај, претседател на Движењето за права и слободи и пратеник во бугарското собрание.
Ова е соопштението од Владата:
“Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на маргините на својата официјална посета на Република Бугарија се сретна со претседателот на Движењето за права и слободи и пратеник во Собранието на Република Бугарија, Мустафа Карадај.
На средбата со Карадај, на која присуствуваа и Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска, заменик-претседател на Владата задолжена за политики за добро владеење, Бујар Османи, министер за надворешни работи, и Горан Милевски, министер за локална самоуправа премиерот Ковачевски го пренесе неговото и задоволството на членовите на Владата на Северна Македонија од возвратната официјална посета на Софија само за седум дена откако во Скопје, за време на официјалната посета на премиерот Петков беше договорено дека за една недела ќе се одржи заедничка седница на двете влади.
Премиерот Ковачевски и претседателот на Движењето за права и слободи и пратеник во Собранието на Република Бугарија Мустафа Карадај изразија заедничка надеж дека започнатиот интензивен дијалог меѓу двете земји на највисоко ниво бргу ќе ги даде очекуваните резултати од кои се очекува разрешување на отворените прашања меѓу двете земји и деблокирање на процесот за евроинтеграцијата на Северна Македонија.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: БУГАРИЈА ГИ ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО ЕВРОПСКИТЕ…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека европските перспективи…
Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради…
Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ)…
Јотова победи кај Бугарите во Македонија
Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…
Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на…
Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј…
Јотова ја слави победата на претседателските избори…
Илијана Јотова по изборната победа им се…