Ковачевски: Ги започнавме преговорите со чист македонски јазик и идентитет

t

Преговорите за полноправно членство со ЕУ ги почнавме со целосно сочуван идентитет и македонски јазик, кои воопшто не се дел од преговарчката рамка туку билатералните прашања се дел од билатераланиот протокол со Бугарија. Благодарение на координирана и посветена работа на повеќе чинители во изминатите речиси две децении, ние сега имаме преговарачка рамка во која македонскиот јазик и идентитет се заштитени, а историските прашања се надвор од истатата, ова денеска од собраниската говорница го порача премиерот Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на пратеничко прашање, Ковачевски рече дека македонскиот јазик ќе е еден од службените јазици во ЕУ без било какви објаснувања, додавки и фусноти.

„И колку и да сака некој да ја искривува вистината, да го изманипулира народот со црни сценарија, започнувањето на преговорите за полноправно членство во ЕУ значат зачувување и зацврстување на македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура, историско минато, засебност и посебност, и дома и насекаде во светот“, нагласи Ковачевски.

Спред премиерот Ковачевски, истото ова било потврдено и од претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и на првата меѓувладина конференција од потпретседателот на ЕК Жозеп Борел.

Во однос на тоа што добиваме од започнувањето на преговорите со ЕУ, Ковачевски потенцира дека тоа е стабилност и просперитетна иднина на сегашните и на идните генерации.

„Од овој процес граѓаните и сите заедно ќе излеземе посилни, постабилни и забрзано ќе чекориме напред кон заедничка поперспективна иднина. Исто така очекувам континуирана и зголемена помош кај ЕУ, која ќе ја обезбеди во наредниот период, која ќе овозможи македонските граѓани и економија да добијат конкретна и реална поддршка за европската реалност да можеме да ја живееме денес“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски потенцира дека одлучно продолжуваме да го одиме европскиот пат.

Тој информира дека СЕП и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ веќе интензивно работат на оформување на преговарачките тимови, на ангажирање стручни лица во однос на преводите на законодавството на македонски јазик и на сите дополнителни материјали. Очекува во многу скора иднина тимот во СЕП да се проширува со голем број експерти кои во изминатите 30 години имаат стекнато искуство и знаење во европските интеграции, со дел од деловната и од академската заедница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…