Ковачевски: Ги започнавме преговорите со чист македонски јазик и идентитет
Преговорите за полноправно членство со ЕУ ги почнавме со целосно сочуван идентитет и македонски јазик, кои воопшто не се дел од преговарчката рамка туку билатералните прашања се дел од билатераланиот протокол со Бугарија. Благодарение на координирана и посветена работа на повеќе чинители во изминатите речиси две децении, ние сега имаме преговарачка рамка во која македонскиот јазик и идентитет се заштитени, а историските прашања се надвор од истатата, ова денеска од собраниската говорница го порача премиерот Димитар Ковачевски.
Одговарајќи на пратеничко прашање, Ковачевски рече дека македонскиот јазик ќе е еден од службените јазици во ЕУ без било какви објаснувања, додавки и фусноти.
„И колку и да сака некој да ја искривува вистината, да го изманипулира народот со црни сценарија, започнувањето на преговорите за полноправно членство во ЕУ значат зачувување и зацврстување на македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура, историско минато, засебност и посебност, и дома и насекаде во светот“, нагласи Ковачевски.
Спред премиерот Ковачевски, истото ова било потврдено и од претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и на првата меѓувладина конференција од потпретседателот на ЕК Жозеп Борел.
Во однос на тоа што добиваме од започнувањето на преговорите со ЕУ, Ковачевски потенцира дека тоа е стабилност и просперитетна иднина на сегашните и на идните генерации.
„Од овој процес граѓаните и сите заедно ќе излеземе посилни, постабилни и забрзано ќе чекориме напред кон заедничка поперспективна иднина. Исто така очекувам континуирана и зголемена помош кај ЕУ, која ќе ја обезбеди во наредниот период, која ќе овозможи македонските граѓани и економија да добијат конкретна и реална поддршка за европската реалност да можеме да ја живееме денес“, рече Ковачевски.
Премиерот Ковачевски потенцира дека одлучно продолжуваме да го одиме европскиот пат.
Тој информира дека СЕП и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ веќе интензивно работат на оформување на преговарачките тимови, на ангажирање стручни лица во однос на преводите на законодавството на македонски јазик и на сите дополнителни материјали. Очекува во многу скора иднина тимот во СЕП да се проширува со голем број експерти кои во изминатите 30 години имаат стекнато искуство и знаење во европските интеграции, со дел од деловната и од академската заедница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…
ЕУ бара Канада и Велика Британија да…
Европската Унија се подготвува да ги убеди…