Ковачевски: Ги повикувам сите партии да го поддржат зачленувањето на Македонија во ЕУ
Премиерот Димитар Ковачевски ги повика сите политички партии да бидат вклучени во носењето на реформите на патот на зачленување во Европската Унија.
Компромис нема, а тоа се покажа и на лидерската средба која беше одржана на почетокот на неделата во Собранието. Средбата заврши без зближување на ставовите. Од една страна власта ја оцени средбата како добар сигнал и посочи дека тоа е само почеток на дијалогот, но од друга страна опозицијата констатираше оти ова е задоцнета средба и порача дека консензус и консултации со парламентарни политички партии, се прават пред да се носат одлуки.
Премиерот Ковачевски, вчера по посетата на Клиниката „8-ми Септември“ во Скопје, рече дека расправата за реформите на патот на зачленување во ЕУ треба да биде во рамки на Националниот совет за европски прашања во Собранието.
– Собранието и сите политички партии треба да бидат вклучени во носењето на реформите на патот на зачленување во Европската Унија бидејќи тој пат ќе вклучува многу реформи и кажав дека во Собранието треба да има тело, кое што ќе ги расправа сите тие реформи и дека најсоодветно тело за тоа е Националниот совет за европски прашања, кој што е воден од опозицијата, изјави вчера Ковачевски.
(МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Време е за Европска…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…
Европската унија треба да го забрза процесот…
Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…
ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…
Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…
ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…
Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…