Ковачевски делеше плакети за успешно справување со енергетската криза

t

Премиерот Димитар Ковачевски вчера при посетата на РЕК Битола подели плакети за успешно справување со енергетската криза.

-Грејната сезона 2022/2023 во услови на најголемата светска енергетска криза успешно ја завршуваме благодарение на големата посветеност, на макотрпната работа на сите вработени во државните електрани, на Прецизниот план на Владата, како и на поддршката од нашите стратешки партнери, Европската Унија, државите од регионот.

Енергетската криза ја претворивме во можност. Го зголемивме домашното производство на струја со капацитети стари 40 години, тоа е патриотизам на дело, граѓаните имаа струја, парно и не дозволивме ценовен шок. Паралелно, расте интересот за инвестиции во обновливи извори на енергија. Сите овие трендови водат кон зголемување на енергетската независност на земјата, стабилност во снабдувањето со електрична енергија и во крајна цел реализација на Планот на Владата, во корист на граѓаните, на компаниите и на нашата држава.

Ви честитам од срце и горд сум на овие резултати, да бидете и вие горди на вашиот успех и посветеност! – напиша Ковачевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неконтролирани субвенции и замрзнати цени можат дополнително…

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди дека владите…

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ за…

Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите…

Мицкоски: ЕСМ вложи жалба за предметот со…

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека ЕСМ вложило…

ЕСМ поднесе приговор до ОЈО ГОКК за…

ЕСМ поднесе приговор за затворената истрага за…