Ковачевски емотивно: За мене е најважно никој да не биде оставен сам на себе оваа зима

t

За мене не е ништо поважно од тоа да ја поминеме оваа зима и да не оставиме никој зад себе, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашната трибина, Силно и одлучно вечерва во Охрид.

Никој не е оставен сам и никој нема да биде оставен сам. Допревме до секое семејство во земјата. Ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари а пензиите за една година за 16.00%. Во календарска година тоа е најголемо зголемување досега. Ја субвенционираме цената на струја за сите домаќинства, за 72.000 компании и ранливи семејства со 80% од реалната цена. Обезбедивме топли училници во речиси 500 училишта и соодевт аподдршка за компаниите во време на криза, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ потенцираше дека антикризните мерки вредни 760 милиони евра, најголеми во регионот, дадоа со плод, економијата е спасена а цените почнаа да се намалуваат.

-Антикризните мерки вродија со плод – цените на храната почнаа да се намалуваат. Со мерката за обезбедување поевтина струја за прехранбената индустрија, очекуваме да се намалат цените на лебот, млекото, месото и останатите основни производи за најмалку 10%., рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на денешната трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…

Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…

ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…

Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…

Се запалиле бандери за електрична енергија во…

Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…

Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…

Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…

ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…

Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…