Ковачевски за почетокот на скрининг процесот: Ова е историски момент за нас
Премиерот Димитар Ковачевски пред утешниот почеток на скрининг процесот за Македонија и Албанија во ЕУ, смета дека ова е историски момент за државата.
– Во пресрет на утрешниот почеток на скрининг процесот за пристапување на Македонија во Европската Унија, денеска го одржавме првиот состанок со делегатите од 27-те земји членки на ЕУ во Работната група на Советот на ЕУ, задолжена за проширување и за земјите коишто преговараат за пристапување (КОЕЛА).
Ова е историски момент за нас, за напредокот на нашата држава во европските интеграции, како следен чекор по отворањето на преговорите на Македонија со ЕУ. Ја цениме целосната поддршка и охрабрувањата на претставниците на Работната група на Советот на ЕУ на нашиот европски пат со крајна цел полноправно членство во ЕУ, напиша Ковачевски.
ЛИНК од објавата на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…