Ковачевски за српска Политика ги коментираше уставните измени: Ќе се постигне европско мнозинство во Парламентот
„Верувам дека во нашата држава е можно да се постигне европско парламентарно мнозинство кое ќе ја обезбеди европската иднина на Македонија, бидејќи тоа е стратешки цел поставен од независноста на државата, а шансите за членство во ЕУ никогаш не биле поголеми и пореални“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во интерју за српска „Политика“.
Тој додаде дека одговорните политичари, лидери и пратениците го препознаваат тоа и ќе донесат разумни одлуки.
„Македонија чекори на европскиот пат, во тек е билатералниот скрининг и оваа година очекувам нов исчекор во евроинтеграциите. Тоа го базирам на определувањето на граѓаните во државата за членство во ЕУ. Граѓаните даваат мандат и тие на последните парламентарни избори дадоа поддршка на проевропските политички субјекти, кои составија проевропска влада“ рече Ковачевски.
Премиерот истакна дека Македонија е мултиетничка граѓанска држава и со тоа што некои етнички заедници ќе се додадат во Уставот ништо не губиме, напротив добиваме.
„Македонија е Европа во мало. Сега имаме прилика да биде и рамноправна членка на големото европско семејство. Граѓаните препознаваат кој работи за иднината на сите, а кој има намера да профитира со ситни политички поени за себе. Во 21 век нема место за популисти“ рече Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…
„Њујорк тајмс“ за студентското движење во Србија:…
Студентското движење во Србија успеа да го…
Јанаки: Домашно воспитување луѓе, отидовме јабана!
СЕ Е ДО ДОМАШНОТО ВОСПИТУВАЊЕ!!!! Не случајно…
САД ги предупредија своите државјани и туристи…
Амбасадата на САД во Софија, денеска издаде…