Ковачевски: Избори ќе има во 2024 година, а народот ќе одлучи
Лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во седиштето на партијата уште еднаш повтори дека ќе нема предвремени избори и оти тие ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година.
Избори ќе има во 2024 година. На тие избори, прво на претседателските, ќе победи кандидатот предложен од СДСМ, а потоа, на парламентарните избори ќе победи Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и заедно со коалицијата ќе формира влада со којашто ќе влеземе во Европската Унија, рече Ковачевски.
Ковачевски на прес-конференцијата најави целосна мобилизација на општеството за, како што рече, нова победа на државава, најавувајќи теренски активности на партијата.
СДСМ од денеска е на терен. Рамо до рамо со граѓаните, започнуваме со интензивни теренски активности. Во секое населено место, во секоја уличка, во секоја куќа, зграда, маало, урбана заедница, таму каде што ни е местото, меѓу народот, заедно со граѓаните. Секој ден ќе бидеме рамо до рамо со народот, заради подобра на татковината, а не заради тоа што наредната година има избори, рече Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…