Ковачевски: Имаме јасна поддршка од Трудо за понатамошните чекори на патот кон ЕУ

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски се сретна со Стефан Дион, специјален пратеник на премиерот на Канада, Џастин Трудо, за Европската Унија и амбасадор на Канада во Франција и Монако.

На состанокот е изразена јасна поддршка за правецот во којшто се развива нашата држава и очекување дека Република Македонија ќе продолжи со натамошните чекори во евроинтеграциите, по членството во НАТО.

Поздравени се недвосмислените и цврсти политики на премиерот Ковачевски и на Владата, на линија на надворешната политика на Европската Унија, како и применливиот дијалог во државата и во добрососедските односи, преку коишто се доаѓа до решенија.

Оценето е дека Република Македонија ѝ е потребна на Европската Унија како пример за принципиелна демократска држава, којашто применува европски, прогресивни политики и вредности и дека токму поради тоа и заслужува да биде дел од Унијата.

При тоа е пренесена силна поддршка од премиерот Трудо и од Канада за натамошниот напредок на Македонија во европските интеграции. Констатирано е и дека целиот Западен Балкан припаѓа на Европа и дека е од стратешко значење и за регионот и за Унијата, да продолжи проширувањето, со целосна интеграција.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за традиционално добрите односи со Канада, засновани на пријателство и меѓусебно разбирање и за големата поддршка што ја има нашата држава, од Канада и конкретно од премиерот Трудо, во сите важни процеси за демократскиот напредок.

Ова пријателство меѓу двете држави, како што рече премиерот Ковачевски, има длабоки корени, ако се земе предвид дека заедницата на граѓани од Македонија во Канада е вградена во развојот на Канада и дава значаен придонес во билатералните односи.

„Канада е земја на толеранција, признавање на различностите и почит кон сите луѓе, што нѐ прави уште поблиски како држави, иако сме на географска оддалеченост. Голема благодарност до Канада и до премиерот Трудо за сета поддршка за доброто и добрата иднина на граѓаните на Македонија”, рече премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски, соопшти дека во државата се формира европска коалиција којашто треба да го осигура европскиот пат, бидејќи другата опција е радикален национализам, за лични или туѓи интереси, што не е државен национален интерес, а е со штетни последици и во пошироки рамки.

Претседателот на Владата Ковачевски рече дека Владата продолжува со конструктивните политики и со јасна заштита на идентитетските определби. Паралелно со тоа се решаваат и тековните предизвици предизвикани од економско-енергетската криза. А изрази и очекување дека политичката и општествената јавност во земјата ќе бидат на висина на одговорноста кога станува збор за реализацијата на европската цел во интерес на квалитетот на живот на граѓаните во Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страшна несреќа во Канада – се урна…

Четворица загинаа откако хеликоптер се урна во…

Мнозинството Американци и Канаѓани сметаат дека Трамп…

Мнозинството граѓани во САД и во Канада…

Трамп: Канада сама се уништува со неконтролираниот…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…

Потврдена цврстата основа на македонско-канадското партнерство: Муцунски…

На маргините на Генералното собрание на Обединетите…

Трамп промовира „масовен“ договор со Белорусија за…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…