Се договориле: Ковачевски и Петков заедно ќе ја цензурираат вистината

t

Уставни измени непосредно пред влезот во Европската Унија по вчерашното обраќање на перемиерот Петков во бугарското собрание. Од владата воздржаност за изнесените пзоиции… Македонскиот премиер денеска смета дека со Петков се на прав пат кон договор.

Не само Бугарите, Во македонскиот Устав сакаат да бидат впишани и Хрватите и Црногорците. Ова во непосредни средби му било соопштено на европратеникот и известувач за Македонија, Илхан Ќучук. Ако Македонија направи уставни измени, Европската унија треба да даде гаранции за почеток на пристапните преговори, вели Ќучук.

„Не само бугарите тука, мислам дека и хрватите и црногорците сакаат да бидат напишани во Уставот на РСМ. Тоа треба да се случи во еден разумен начин и во национални рамки. Процесот е долг, гледам дека има желба за разговор на оваа тема. Енергијата што се создава е добра, јас како европретставник сум работел на тоа. Има различни Устави во РСМ и во РБ.“ – изјави Илхан Ќучук известувач за Македонија во Европарламентот.

Отако вчера во бугарскиот параламент премиерот Петков јасно им порача на пратениците дека Бугарите ќе велзат во македонскиот Устав, а дека официјална Софија никош нема да разговара за постоење на македонско малцинство, македонскиот премиер Ковачевски на денешната акдемска расправа без конкретен коментар за позициите на Петков. Ковачевски оценува дека тој и неговиот колега Петков се на прав пат за зајакнување на дијалогот, но најави и дека се договориле да спречуваат недобронамерна пропагнда во двете земји.

„Таму каде што има политичка волја и идеја за прогрес, разликите лесно се надминуваат. Заедно отворивме искрен и посветен дијалог за стабилност и развој за двете држави. Поттикнавме продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу нашите две земји. Двете Влади се определија да водат политики на градење мостови, а не ѕидови. Со тоа двете држави покажуваат одговорност кон своите граѓани за постигнување достоинствени решенија за двата народи за подобрување на животот на граѓаните. Постигнавме согласност заедно да ја спречуваме недобронамерната пропаганда доколку се појави внатре во државите, заедно да бидеме против говорот на омраза и заедно да го поразиме национализмот.“ – изјави Димитар Ковачевски премиер на Р. Македонија.

Македонскиот Устав е со граѓански концепт, но сметаме дека уставни измени треба да има непосредно пред влегувањето во ЕУ, со малку попрецизен ств, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

„Нашата влада повеќе пати јавно истакна дека поради нашиот концепт на Уставот утврден уште во 2001 година со Охридскиот договор, немаме проблем да ги впишеме во нашиот Устав и други заедници кои не се впишани, така што постои јасна полчитичка волја за тоа. Нашиот став е дека тоа треба да се направи пред влегување во ЕУ.“ – изави Бојан Маричиќ вицепремиер за европски прашања.

За можните уставни измени, Ковачевски ќе разговара и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. За разговорите на релација Скопје-Софија, во Собранието реферираше министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој не соошти никакви детали за нон пејперот со Бугарија, туку само посочи дека не се разговарало за идентитетски прашања. Во ист ден и во исто време, во бугарскиот паралемнт реферираше министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој не соошти никакви детали за нон пејперот со Бугарија, туку само посочи дека не се разговарало за идентитетски прашања. Во ист ден и во исто време, во бугарскиот паралемнт реферираше премиерот Кирил Петков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Балканска работа: Српски историчар го прогласи Рилскиот…

Српски историчар го прогласи Рилскиот манастир за…

Небензја: Денеска над Балканот демне опасност од…

Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН,…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…