Ковачевски: И јас сум имал болен од рак во семејството, знам како е да се чека снимање – Услугите мора да се подобрат

t

Можат многукратно да се подобрат здравствените услуги во земјава, исто како и многу други услуги, одговори денеска премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање дали лично е задоволен од начинот на кој граѓните доаѓаат до здравствени услуги.

Делот од вас знаат за мојата професионална кариера, сум работел во индустрии каде услугата за корисниците е доведена до совршенство. Тоа е направено со помош на дигитализација, со креирање на стандард на услуги за оние што ги користат, со користење на сите најсовремени алатки и техники за комуникации и за електронско плаќање и пред сè, со обука на вработените кои ги даваат тие услуги. И уште еден принцип, јас го нарекувам дисциплинирана соработка. Сите што работат во еден колектив треба да соработуваат меѓу себе, но таа соработка треба да биде дисциплинирана во насока на пружање на подобри услуги, а не како што често ние знаеме на Балканот, соработка за разговори, за помалку ефикасно трошење на работните часови итн. Сметам дека целиот систем, не само здравството, треба да функционира подобро – рече премиерот Ковачевски денеска во ГОБ „8 Септември“ на промоција на нови апарати за магнетна резонанца.

Прашан дали е во ред болен од рак два месеци да чека лекар од радиологија да чека да го прочита резултатот, Ковачевски одговори дека системот треба да функционира на начин што ќе пружаа најбрза и ефикасна услуга.

– И јас сум имал болен од рак во блиското семејство и сме поминале низ процесот на чекање, снимања итн. Но, знаете, низ тие лични искуста ќе сфатите неколку работи, дека прво, тие што се задолжени за управување со системот треба да работат на неговото унапредување, ефикасност, забрзување и зголемување на перформанците.. И второ, имаме одлучни лекари и софистицирана опрема на ниво на Авсртрија, САД, го кажувам ова и од лично искуство. Она што ни недостасува е систем што ќе работи на пружање на услуги. Членството во ЕУ ќе овозможи добар живот на оваа и на следните генераци, со стандард, со повисоки плати, како и со социјална птравда и демократија на нив на тие европски држави – рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сирски: Ситуацијата на фронтот е исклучително тешка,…

Врховниот командант на вооружените сили на Украина…

Мајка од Охрид чува стража пред училницата…

Магдалена Милевска од Охрид, мајка на дете…

Брнабиќ: На изборите во Белград СНС во…

Претседателката на српското Собрание и потпретседател на…

(Видео) Грците да бидат спокојни: Сиљановска ќе…

кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска…

Полицијата со полни раце работа: Уапсени повеќе…

На 05.04.2024 во 17.35 часот на подрачјето…