Ковачевски – Мекарти: Македонија треба да продолжи да се движи напред

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Пол Мекарти, регионален директор за Европа на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

На состанокот е разговарано за актуелни прашања од значење за нашата држава и за регионот и Европа.

Во таа насока е оценето дека е од суштинско значење Македонија да продолжи да се движи напред, по членството во НАТО и кон полноправно членство во Европската Унија.

Ова, како што е констатирано, ќе го осигура квалитетот на живот на граѓаните во земјава, во насока на унапредување на животниот стандард, квалитетот на услугите, владеењето на правото, што се клучни граѓански интереси.

На состанокот е изразено очекување дека демократски определените политички субјекти, во следните неколку месеци ќе се вклучат активно во одлуките што ќе ги осигурат европските перспективи на граѓаните и Македонија.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за долгогодишната принципиелна и конструктивна соработка со Меѓународниот републикански институт (ИРИ), којашто води кон унапредување на демократските процеси во државата.

„Владата и јас како премиер сме активно посветени кон перспективите. Државата денес е рамноправна членка на НАТО. Отворивме преговори со ЕУ, заштитувајќи го македонскиот јазик и идентитет. Ги решававме актуелните предизвици од ситуацијата во Украина, преку цврстото партнерство со САД и европските пријатели. И тоа што е потребно е разум од сите политички субјекти, дека шансата да направиме нов чекор напред е сега“, рече премиерот Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на „Енвидија“ Јенсен Хуанг поднесе оставка…

Извршниот директор на „Енвидија“ (Nvidia) Јенсен Хуанг…

ТРАМП: НЕ НИ ТРЕБА ДОГОВОР СО ИРАН,…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…

Драма во Гази Баба: 59-годишен скопјанец натепан…

59-годишен скопјанец пријавил физички напад од страна…

Инвестицијата е вредна 1,5 милиони евра: Киел…

„Киел Македонија“, која е дел од германската…

Драматичен апел на Зеленски: Го забавија „Старшилд“,…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…