Ковачевски му врати на Радев: Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот
Амандманите на Уставот се дел од преговарачката рамка со ЕУ, бидејќи ние преговараме со Унијата, а не со Бугарија и затоа мислам дека тоа е нешто што ќе тече како процес и е нешто што треба да се случи, вели премиерот Димитар Ковачевски.
Во одговор на новинарско прашање за тоа како ги коментира реакциите од Бугарија, по неговата изјава дека бугарскиот дискурсот кон Македонија е сличен на дискурсот што Русија го применува во Украина, тој изјави дека тоа што имал да го каже на Самитот на Советот на Европа го кажал јавно и не би го коментирал дополнително.
Коментирајќи ја изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев кој истакна дека „македонското раководство може да тврди оти гради модерно мултиетничко општество кога ќе најде сила да ги вклучи „сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав“, Ковачевски изјави:
„Откако работната група ќе ги направат амандманите, наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓуров: Гласав за сигурна, стабилна и европска…
„Гласав за сигурна, стабилна и европска Бугарија.…
Бугарија гласа во вториот круг од претседателските…
Избирачките места во Бугарија се отворени од…
Познати бугарски политичари и општественици повикаа на…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, е меѓу…
Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…
Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…
Петков и Јотова ќе се судат за…
Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата…