Ковачевски му ја предаде премиерската функција на Џафери

t

Досегашниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, ја предаде премиерската функција, на новоизбраниот претседател на Владата, Талат Џафери.

Претседателот на Владата Џафери беше пречекан од страна на Ковачевски, по што следеше кратка тет а тет средба и изјави за медиумите.

На средбата досегашниот премиер Ковачевски, му го честиташе стапувањето на премиерската должност на новоизбраниот премиер Џафери и му посака успешен мандат и ефикасна работа, во името на интересите на сите граѓани и на Република Македонија.

Претседателот на Владата Џафери искажа задоволство од досегашната соработка со Владата и истакна дека со особена одговорност ѝ пристапува на функцијата премиер, подготвен за сите предизвици кои ги носи извршната власт.

Двајцата, заеднички ја истакнаа важноста од организација и спроведување мирни, фер и демократски избори и ефикасно спроведување на утврдените владини политики согласно Програмата за работа на преодната Влада, во насока на евроатланските определби на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…

Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…

Засилено полициско присуство е забележано утрово на…

Сопственик на фирма за технички преглед на…

Управител на друштво за технички прегледи на…

ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…

Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…