Ковачевски на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага
Премиерот Димитар Ковачевски на покана на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и чешкиот премиер Петр Фиала на 06.10.2022 година (четврток) во Прага ќе учествува на првиот состанок на Европската политичка заедница заедно со лидерите од вкупно 44 земји, од кои 27 земји-членки на Европската Унија, земји од Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азербејџан, Грузија, Турција и Украина. Учество е предвидено и на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
На првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага премиерот Ковачевски ја предводи владината делегација во чиј состав се и министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Програмата на настанот содржи пленарни дебати и дискусии на тркалезни маси поврзани со актуелни прашања за енергетската и економската криза, снабдувањето со енергија и енергенси, како и дискусии врзани со климатските предизвици, но и мирот и безбедноста во контекст на руската воена агресија врз Украина.
Премиерот Ковачевски ќе учествува на пленарна сесија заедно со министрите Османи и Николовски, а потоа со лидерите на европските земји на тркалезната маса, посветена за енергетика и економија. Дополнително предвидени се и билатерални средби.
За време на посетата на премиерот Ковачевски заедно со премиерот на Украина Денис Шмихал, ќе присуствува на потпишувањето на договори помеѓу Република Македонија и Украина поврзани со слободната трговија и обезбедувањето храна. Договорите ќе ги потпишат министерот Николовски и заменик-министерот за економски развој на Украина, Тарас Качка.
Премиерот Ковачевски ќе учествува и на Самитот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) каде учествуваат премиери од редовите на социјалдемократски, социјалистички и демократски партии.
Европската политичка заедница е платформа за политичка координација за европските земји ширум континентот, чија цел е да ги собере лидерите од европските земји во духот на еднаквоста и единството еднаш до двапати годишно.
Домаќин на настаните ќе биде чешката влада, која во јули го презеде ротирачкото претседавање со Советот на Европската Унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…
Maкедонската јавнос е во шок по деталите…
Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…
Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…
Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…
Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…
Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…
Истакнат член на партијата и близок човек…
(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…
Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…