Ковачевски на саем за вино во Верона: Македонија на заеднички штанд со Србија и Албанија

t

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе присуствуваат на 55-тиот меѓународен Саем за вино во Верона, на заеднички штанд „Wine vision by Open Balkan” на Македонија со Србија и Албанија

Како што информираат од владината прес-служба Ковачевски ќе оствари средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и албанскиот премир Еди Рама, со фокус на иницијативата Отворен Балкан. По средбата предвидено е да се одржи и прес-конференција.

Ковачевски, Вучиќ и  Рама ќе присуствуваат на презентацијата на вината од трите земји на заедничкиот штанд „Wine vision by Open Balkan” на саемот „ВинИтали”.

Република Македонија на овогодинешниот Саем на вино и алкохолни пијалоци во Верона учествува со над 60 видови од нашето најквалитетно македонско вино, со присуство на 14 македонски винарии и тројца врвни сомелиери. Саемот претставува собир на домашните и меѓународните производители на вино од целиот свет кои сакаат да се претстават на една од најпрестижните светски саемски манифестации посветени на виното и негувањето на винската култура, велат од Владата.

Саемот нуду можност за увозниците и дистрибутерите на вино да ги запознаат и да остварат соработка со врвни италијански и меѓународни производители на вино, а за љубителите на виното е осмислена и четиридневна манифестација „Vinitaly and the City” во текот на која, на историски локации ширум Верона ќе може да се дегустира и зборува за виното.

Под називот „Vinitaly Universe”, организаторите оваа година овозможуваат стручни обуки и тренинзи, учество на натпревари и награди, но и пристап на дигиталната платформа “Vinitaly Plus”, која на учесниците на саемот им овозможува да останат во контакт и по завршувањето на манифестацијата, се вели во соопштението.

Минатата година саемот „ВинИтали” беше домаќин на над 4.500 излагачи од целиот свет, претставени се повеќе од 15.000 вински етикети од повеќе од 40 земји. Саемот го посетија преку 100.000 љубители на вино и претставници на деловната заедница, од кои над 25.000 купувачи, дистрибутери и увозници од 139 земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…