Ковачевски на средба со чешкиот амбасадор: Новата енергија во разговорите е препознаена и во државите и во ЕУ
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Јарослав Лудва, новоименуван амбасадор на Чешката Република во нашата држава.
На состанокот е пренесено дека Чешката Република го поддржува европскиот пат на Република Македонија и дека нашата држава ќе ја има и понатаму поддршката, посебно што Чешката Република ќе претседава со Советот на ЕУ од 1 јули оваа година.
Оценето е дека Македонија има геостратешко значење и дека Европа е безбедна со интеграција на нашата држава и на целиот регион во ЕУ.
Премиерот Ковачевски порача дека Чешката Република е вреден партнер на Македонија и значаен поддржувач на европските перспективи, како стратешка цел на земјава, по членството во НАТО.
„Се определивме да работиме низ отворена и чесна комуникација во дијалогот со Република Бугарија. Новата енергија во разговорите е препознаена и во државите и во ЕУ. Продолжуваме да работиме исклучиво по принципот на почитување на другиот, на сочувување на достоинството на граѓаните на двете држави и во духот на европските вредности“, рече премиерот Ковачевски.
На средбата е оценето дека иницијативата Отворен Балкан, како еден од чекорите кон ЕУ, води кон унапредување на односите помеѓу државите во регионот, при што е споделено искуството на Вишеградската група, односно бенефитите од воспоставувањето добра регионална соработка.
На состанокот е заеднички констатирано дека постојат можности за унапредување на добрата соработка меѓу Македонија и Чешката Република во повеќе области, како што се економијата и одбраната, а премиерот Ковачевски изрази благодарност за поддршката од Чешката Република во рамки на европската гранична служба Фронтекс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…