Ковачевски: Невработеноста е преполовена и наскоро ќе биде едноцифрена
Говорејќи за економските успеси на оваа Влада, премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „Слободен печат“ на Слободна ТВ направи споредба со бројот на невработени лица кои во 2016 биле 24 проценти додека сега невработеноста е 13 проценти, а догодина вели таа ќе биде намалена за уште два процентни поени.
-Во 2025 за прв пат по децении ќе имаме едноцифрена стапка на невработеност-вели Ковачевски.
Премиерот Димитар Ковачевски говореше со факти за ефектите од антикризните мерки кои Владата ги има спроведено во неколку наврати, а кои резултираат со зголемени плати и пензии на граѓаните.
-Ако зборуваме со факти тогаш се гледа дека просечната плата е зголемена за 50 проценти, минималната плата е зголемена за 100 проценти. Ако во 2016 биле потребно четири плати и половина за една потрошувачка кошничка, денеска се потребни 2 минималани плати за покривање на потрошувачката кошничка. Тоа се факти. Минималната пензија сега е 50 проценти повисока од онаа во 2016, а просечната пензија е 50 проценти повисока од таа во 2016- рече премиерот Димитар Ковачевски во интревју за „Слободен печат“.
Овие факти, рече Ковачевски не можат да се побијат со популизам и со лажни соопштенија од страна на ВМРО-ДПМНЕ во кои се наведуваат поинакви бројки и показатели. Што се однесува до извештајот на ЕУ тој се однесува на целата држава, на сите иституции, а меѓу нив таксативно е наведена и опозицијата која го блокира собранието во донесувањето на важни закони за граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите…
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница…
ФОКС ЊУЗ: САД РАЗГЛЕДУВААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ…
Соединетите Американски Држави разгледуваат можност за продолжување…
Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…
Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…
Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…
Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…
Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива
Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…