Ковачевски: Не е точно дека не реагираме на бугарските провокации

t

Премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање дека властите не реагираат кога се работи за бугарски провокации, а од друга страна МНР експресно излезе со реакција за говорот на омраза за синоќешниот натпревар меѓу Македонија и Бугарија, вели дека секогаш се реагира кога има дејствија кога се нарушува углед по било која основа.

– Не е точно дека не сме реагирале, ние секогаш сме реагирале кога има дејствија кога се нарушува углед по било кој основ. МНР реагираше, но реагиравме и на друг натпревар во којшто играа репрезентациите, но сепак сметам дека најдобар начин да се навива е да се бодри сопствениот тим и да се почитуваат противниците. Тоа важи за нас секако, но важи секако и за нашите противници, рече Ковачевски по настанот за презентација на Проектот за поврзување на локалните патишта.

МНР денеска го осуди, како што наведе, „вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија“.

– Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла, се наведува во соопштението на МНР.

Министерството додава дека Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред сѐ, добри соседи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…

Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…

(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…

Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…

Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…

„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…

Бугарија врати над два тони кисело млеко…

Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…

Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…

„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…