Ковачевски: Не можеме да ѝ се мешаме на Бугарија дали ќе му даде стан и државјанство на Пендиков
На 4 февруари беа спроведени кај нас сите процедури и одлуки согласно закон за мирно чествување на роденденот на Гоце Делчев. Што се однесува до правата на било кој граѓанин во државата кој се самоопределува различно од мнозинството, сметам дека го имаме издигнато на највисоко можно ниво споредено со голем број на земји во Европа и во светот. Да не заборавиме дека кај нас правата не се само лист на хартија, туку се спроведуваат низ голем број институции кои ги имаме изградено. Имаме Министерство за политички систем, Агенција за употреба на јазици, Агенции за унапредување на правата на помалите заедници, рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање како го коментира фактот што охриѓанецот Христијан Пендиков доби стан, дневници и најава за бугарско државјанство од бугарските официјални власти.
Од Софија размислуваат да му доделат и лично обезбедување, бидејќи како што тврдат, Пендиков се плаши за својот живот.
Премиерот Ковачевски оценува дека ако се направи споредба, такви институции и спроведувања не може да се најдат во друга држава.
-Ние сме мултиетничка и мултикултурна држава која својата сила ја црпи од различностите што ги имаме кај нас и така ќе продолжиме. Што се однесува до активностите на бугарските власти во својата држава, не можеме ние да се мешаме дали тие некому ќе му дадат државјанство или ќе му подарат стан, исто како што никој не може да се меша кај нас доколку ние решиме тоа да го направиме со некој граѓанин, додаде Ковачевски на прес-конференција во Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…
Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…
СКАНДАЛ ВО БУГАРИЈА: Празна гимназија со фантоми…
Празни училници, речиси целосно отсуство на ученици…
Расте бројот на загинати во верижниот судир…
Бројот на загинати во тешките верижни судири…
Бугарија вложува во модернизација на армијата: Набавува…
Бугарија презема нови чекори за модернизација на…
Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…
Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…