Ковачевски: Никој не може да го пипне нашиот идентитет, а Францускиот предлог е добро решение

t

„Јас не сметам дека ние треба да се откажеме од било што од нашата историја во рамки на Историската или било која друга комисија. Ние треба да се задржиме на ставот што го имаме за нашата историја. Никој не може да го менува македонското гледање на историја. Никој не може да го пипне нашиот идентитет затоа што тоа е наш идентитет. Никој не може да забрани ние да бидеме Македонци. Не може пак да стават вето затоа што тоа не е дел од преговарачката рамка“ рече актуелниот пратеник, а поранешен лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски во тв гостување на Канал5.

Тој вели дека „преговорите со Бугарија застанаа затоа што не го признаваше македонскиот јазик во ЕУ. Фронтекс е потпишан на македонски јазик. Во преговарачката рамка стои македонски јазик. Оттаму преговорите се префрлија на малцински прашања – влез на Бугарите во Уставот“.

„Ако постои држава во свет во која на подобар начин се решени малцинските прашања, јас симнувам капа“ – порача Ковачевски.

За францускиот предлог тој вели – „Тоа е балансиран, добар предлог. Ќе биде актуелен. Сметам дека е добро решение“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев лут на ЕП за критиките за…

Бугарскиот премиер Румен Радев реагира за резолуцијата…

Петровска: На СДСМ му треба лидер со…

Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да…

Германија уапси Украинец осомничен дека собирал воени…

Германските власти уапсиле украински државјанин во покраината…

ЕУ: Цврсто стоиме зад Меѓународниот кривичен суд

Европскиот парламент одлучи наградата „Сахаров“ за слобода…

Луѓе гинат и во ЕУ“: Морнарите бараат…

Синдикатот на морнари на Хрватска побара морското…