Ковачевски од Минхен: Македонија е фактор на стабилност на Балканот
Впечаток од овогодишната Минхенска безбедносна конференција е дека регионот се перцепира како стабилен и дека Македонија во моментов е фактор на стабилност во Балканот, како членка на НАТО, земја која ги отпочна преговорите со ЕУ и која претседава со ОБСЕ, вели премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА дадено на маргините на Минхенската бебзедносна конференција.
– Ние сме земја членка на НАТО, земја која ги отпочна преговорите со ЕУ и земја која претседава со ОБСЕ, меѓутоа и држава која што после она што го помина во почетокот, во касните деведесетти и во 2001 година, сме земја што е учесничка во Берлинскиот процес, земја од Отворен Балкан. Тоа се практично организации и процеси кои ја јакнат и ја унапредуваат регионалната соработка, односно слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги и уште еден многу важен фактор, а тоа е дека Мкедонија е депонент на договорите кои што се потпишаа во Берлинскиот процес, нагласува Ковачевски.
Тој потенцира дека на дискусиите што се водеа во Минхен, земјава беше посочена како пример кој што низ добрососедски односи, низ дипломатски напори успеа да ги реши големите проблеми кои ги имаше и сега да напредува во европските интеграции, откако. претходно стане и земја членка на НАТО.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…