Ковачевски од ОАЕ: Максимално сме посветени на нови инвестиции за развој на домашната економија
Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министрите за финансии Фатмир Бесими, за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во рамки на посетата на Абу Даби, остварија средба со Мохамед Саиф Ал Суваиди генерален директор на Фондот за развој на Абу Даби (ADFD) како и со Калифа ал Кубаси, заменик-генерален директор, како и останати претставници на раководството на фондот.
Фондот за развој на Абу Даби (ADFD) е владинo тело, меѓународен инвеститор со инвестиции кои се проценуваат во повеќе милијарди долари, а присутен е и во развиени и во земји во развој во Северна Америка, Европа и Азија. Постои голем потенцијал за развој на соработката меѓу двете земји и за реализација на инвестиции од ОАЕ во земјава.
На средбата од страна на ресорните министри беа презентирани можностите за инвестирање во нашата земја и стана збор за опциите за соработка на конкретни инфраструктурни проекти, како и за инвестиции во областа на агро-бизнисот, соларната енергија и туризмот. Дополнително, се зборуваше и за приоритетните области за инвестиции кон кои е фокусирана Владата, покрај обновливите извори и реализација на „Зелената агенда“, дигитализацијата, иновациите и современа технологија.
Соговорниците разговараа и за предизвиците со кои Европа и светот се соочуваат во поглед на најголемата економско-енергетска криза како и за можностите за менаџирање и надминување, пришто беше истакнат заедничкиот став дека најдобар начин за надминување на тие предизвици е реализација на инвестиции во инфраструктура, како и во иновации и нови технологии.
Двете страни ја истакнаа посветеноста за градење на дијалог помеѓу двете земји кој ќе води кон унапредување на взаемните односи. Беше истакнато дека паралелно со политичките односи, интензивирањето на економските односи е од голема важност.
Премиерот Димитар Ковачевски, пак, на Фејсбук напиша дека Владата е максимално посветена на донесување на нови инвестиции од ОАЕ во Македонија.
– Максимално сме посветени на нови инвестиции за развој на домашната економија и подобрување на животниот стандард.
Денес, на првата од повеќе средби во ОАЕ, со Мохамед Саиф Ал Суваиди, директор на „Фондот за развој на Абу Даби“ разговаравме за можностите за инвестирање во инфраструктурата, обновливите извори, но и агро-бизнисот во Македонија, напиша Ковачевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…