Ковачевски оствари куса средба со германскиот канцелар Олаф Шолц

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, имаше куса средба со германскиот канцелар, Олаф Шолц, во рамки на настанот за одбележување на 50-годишнината од членството на Германија во Обединетите нации, што се одржа во седиштето на Организацијата во Њујорк.

Премиерот Ковачевски му го честиташе на канцеларот Шолц јубилејното членство на Германија во ОН и големиот придонес што го дава Сојузна Република Германија во стабилноста и безбедноста на нашиот регион, Европа и светот.

Премиерот се заблагодари на канцеларот за соработката меѓу двете земји во рамките на ОН, но и на билатерална основа во изминатите 30 години, што ја истакнува Германија како еднен од најблиските европски партнери на нашата земја.

На средбата е нагласено дека Германија ја очекува Македонија во Европската Унија посочувајќи на фактот дека евроинтеграциите и европскиот пат се најдобрата и единствена алтернатива за земјата. Државничката одлука која треба да се донесе во периодот што претстои, е единствена шанса да се осигура квалитет на живот на македонските граѓани според европските стандарди и постигнување членство во ЕУ до 2030 година. Во спротивно, како што е оценето, македонските граѓани и државата е извесно дека ќе соочат со изолација на долг рок, што не од интерес ниту на Македонија, ниту на регионот и Европа.

Премиерот Ковачевски се заблагодари на канцеларот Шолц за огромната поддршка која ја добиваме од Германија во демократскиот, евроинтеграцискиот и економскиот развој на нашата земја. Истата е јасно пресликана и во усвоената резолуција од страна на германскиот Бундестаг со која се потврдува нашата заложба за забрзана евроинтеграција со потврдени и признати македонски јазик, култура и идентитет “Ова е потврда за искреното разбирање што го има нашиот голем пријател, Сојузна Република Германија, за потребите и националните и стратешки интереси на македонските граѓани“, рече премиерот Ковачевски на средбата со канцеларот Шолц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ одобри 10 милиони евра за Бугарија…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција на новите…

Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година…

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Уапсен е тетовец – нападна две деца…

Жител на тетовското село Требош (51) бил…

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…

Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…