Ковачевски: Очекував Мицкоски да биде поостар но состанокот помина во добар дух
Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека „не очекува првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ да го фали“, но дека очекувал да биде поостар кон него.
-Од тоа што го видов во последниот период, очекував и да биде поостар во неговата изјава. Сметам дека состанокот помина во добар дух, се разговараше на експертско ниво за сите предизвици со кои се соочувавме. Дополнителни анализи ќе бидат направени во делот на снабдување со електрична енергија на јавните комунални претпријатија. Тоа е разбирливо бидејќи го имаат доминантниот број на градоначалници во државата. Јас го немам тој луксуз. Ние мораме поеднакво да се грижиме да сите претпријатија и сите граѓани без разлика каде живеат. Состанокот сепак беше во добар дух, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…